❤️❤️❤️Малите нешта додаваат голема вредност❤️❤️❤️

За Нас

Илоски Арт Дооел www.iloskiart.mk Слики, бои, прелевања и магија - Илоски Арт Дооел! Започнавме нашата одисеја во 2013 година со една мала, но визионерска идеја за Аукција на рачно сликани слики - масло на платно. Од тогаш, секојдневно го слушаме гласот на нашите клиенти и го проширивме нашиот асортиман со репродукции и печатени слики од познати светски имиња во уметноста. Во нашата интернет галерија не продаваме само слики, туку и креираме декоративни слики кои го трансформираат вашиот дом во уникатно просторство за изразување на вашата уметничка душа. Тимот на Илоски Арт е креатор на голем дел од дизајните на печатени слики кои не можат да се најдат на друго место освен кај нас. Горди сме што истите се и најпродавани од нашиот асортиман. Нашата понуда не завршува со сликите. Го проширивме асортиманот со изработка на фототапети, дизајни за банери, и лични дизајни на детски фототапети кои се и најпродавани. Благодариме на сите наши прекрасни клиенти за огромната поддршка која ни ја давате секојдневно и за споделувањето на нашите постови. Ние, Илоски Арт Дооел, немаше да постоиме без вас. Ви благодариме за вашето трпение и разбирање кога случајно грешиме или задоцнуваме, но најважното е дека секогаш сме тука за вас, готови да ви помогнеме и уживаме заедно во убавината и креативноста. Благодариме на сите кои, и покрај сите предизвици и двоумења за купување слики преку интернет, ни дадоа можност и ја направија Оваа Интернет Продавница Препознатлива.