❤️❤️❤️Малите нешта додаваат голема вредност❤️❤️❤️

Начин на сервис и услуга

Врамување и местење на сликите!!!

-Нарачаната слика ви пристигнува Врамена на Внатрешни-Блинд Рамки (Илоски Арт Дооел не употребува и не работи со надворешни декоративни рамки)
-Сликите се изработени од 280 грамско Полиестерско Канвас Печатарско платно
-Внатрешните рамки се изработено до медијапански лајсни со димензија 10/12х20мм
-Се користи ХП Латексна Еко Боја со заштитен премаз
-Сликите ги добивате спакувани во проѕирна најлонска фолија
-Поради калибрација на монитори и различни осветлувања при користење на електронски уреди-секогаш постои можност за отстапување во боите на изложениот и добиениот производ од 10%
-Прикачувањето на сликите во просторот е обврска на клиентот
-Сликите се прикачуваат директно на рамката-нема потреба од дополнителни прикачувачи.
ПРЕПОРАКИ:
1. Веднаш штом ке ви пристигнат сликите - неопходно е да ги отпакувате за да не дојде до виткање на дрвото и отпуштање на платното
2.Направете го соодветното мерење на ѕидот и обележете ги местата за поставување на сликата.
Важно: Сите слики кои се со должина од 50 и подолги од 50 СМ (единечно парче), потребно е да ги закачите со местење на две фиксни точки. Доколку сликата е веке со 100 цм и повеќе од 100 цм должина (единечно парче), истата треба да ја наместите на ѕидот фиксирајки ја на три точки за да не дојде до оштетување на внатрешната рамка.
-Поради врамувањето димензиите можат да отстапуваат во димензијата од 1цм до 2 цм.
-Пратките кои се испорачуваат надвор од Македонија ги добивате НЕВРАМЕНИ!!!